| четврток, 6 декември 2018 |

Нов удар за Ливерпул, се повреди Глен Џонсон

По лошите резултати на клубот од Енфилд се надоврзаа и повредите. Нов играч кој ќе отсуствува од терените е десниот бек и репрезентативец на Англија Глен Џонсон.
Поради повредата на препоните Џонсон ќе отсуствува најмалку еден месец. Тој се повреди во дербито минатиот викенд против Манчестер Јунајтед кој го добија „црвените ѓаволи“ со 3-0.
Глен Џонсон по вторпат ќе отсуствува од терените по онаа повреда што ја заработи есеноска која го оддалечи од клубот шест недели по повредата на бутниот мускул.
Повредата на Џонсон создава дополнителни главоболки за менаџерот Брендан Роџерс бидејќи веќе следниот викенд го чека ново дерби овојпат против Арсенал на домашен терен.
По 16 одиграни кола во Премиер лигата Ливерпул се наоѓа 11 место со 21 освоен бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top