14 патници и членови на екипажот од авионот на Американ ерлајнс, се повредени од силните турбуленции во кои влегло леталото додека летал на релација Сеул-Токио.
Американската авиокомпанија, со седиште во Тексас навела дека четири патници и еден член на екипажот се потешко повредени, но дека никој не е сериозно загрозен.
Во Боингот 777-200“ кој вчера принудно слетал на меѓународниот аеродром Нарита, имало 240 патници и 15 членови на екипажот. По слетувањето во Токио сите биле евакиурани и прегледани од лекарски екипи. Потоа, патниците биле префрлени во хотел каде што преноќиле.
Агенцијата Ројтер јави дека силната турбуленција била предизвикана од снежно невреме, додавајќи дека авионот ненадејно потонал и се тресел 30 до 40 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.