| четврток, 6 декември 2018 |

Рафална стрелба, со хет-трик за едно полувреме Пандев се врати во ритам во Галатасарај

Горан Пандев повторно доби шанса да игра во почетниот состав на Галатасарај, а македонскиот интернационалец максимално ја искористи довербата и со 3 гола за само едно полувреме блеска во меч од купот.

По 45 минути игра Галатасарај води со 5-1 на гости против Балчова Беледие, а Пандев е екстра мотивиран да потврди дека е класа играч и за само 18 минути игра постигна хет-трик.

Првпат Горан погоди во 27. минута за израмнување на 1-1, откако домаќините водеа со 1-0, а потоа поранешниот македонски репрезентативец беше прецизен и во 39. и 45. минута. Во меѓувреме по еден гол постигнаа и Алтинтоп и Адин за Галатасарај.

gala

Пандев беше на нишан на остри критики во турските медиуми, а позицијата му се разниша и со оставката на Чезаре Прандели, италијанскиот тренер кој инсистираше Македонецот да пристигне во Истанбул, летоска.

Галата има нов тренер, а Пандев за првпат е стартет кај новиот кормилар и максимално ја користи можноста да докаже дека е квалитет за турскиот гигант. Во Турција постојано деновиве се шпекулира дека Пандев ќе го напушти сегашниот клуб и ќе се врати во Серија А, во Италија, од каде има понуда од Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top