| четврток, 6 декември 2018 |

Oбама ќе го потпише законот за дополнителни санкции кон Русија

obama-immigration-1

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест денеска соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ќе го стави потписот врз законот со кој се воводуваат дополнителни санкции кон Русија, а воедно тој го овластува да испрати и воена помош за Украина.

Ернест истакнува дека Обама и натаму има резерви во врска со овој документ, но верува дека тој му ја овозможува и флексибилноста што му е потребна, пренесуваат американските медиуми.

Потписот на Обама се очекува во текот на оваа недела, со што законот ќе стапи во сила. Со него особено ќе биде погоден рускиот воен и енергетски сектор, бидејќи се овозможува воведување санкции кон големите руски компании, меѓу кои се и „Газпром“ и „Рособоронекспорт“.

Со новиот закон американскиот претседател се овластува на Украина да и испрати помош во вид на убиствено и неубиствено оружје, вклучувајќи и антитенковско воооружување и муниција.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека има „многу сериозни причини“ да верува дека санкциите на Западот се обид за изнудување промени во режимот во Москва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top