| четврток, 6 декември 2018 |

ОНА ја прифати одговорноста за двете експлозии во Куманово и Тетово

ona

Одговорноста за двете експлозии кои одекнаа во близина на полициските станици во Тетово и Куманово ја презеде Ослободителната народна армија (ОНА).

Ова е втор пат за три месеци како ОНА да презема одговорност за терористички акции кои се случуваат во Македонија.

Засега МВР ја нема известено јавноста дали постои оружена група која под името ОНА дејствува во Македонија.

Пред две недели ОНА преку писмо до медиумите извести дека нејзини оружени формации патролираат во Тетово, а тоа го потврди и самиот заменик министер за внатрешни работи Земри Ќамили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top