| четврток, 6 декември 2018 |

Обновени фасадите на објекти од културното наследство во Гостивар

unnamed (1)

Со новиот изглед, старата медреса и куќата на Ахмет Чако, како обејкти од културното наследството, во иднина ќе бидат попривлечни за посетителите, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при посетата на Гостивар истакнувајќи дека на овој начин ќе се збогати културната понуда.
Министерката за култура Канческа-Милевска и градоначалникот Невзат Бејта денеска ги посетија објектите што се наоѓаат во ценатралното градско јадро врз кои во изминатиот период беа извршени санации и конзервации на покривни конструкции и фасадите, со што им е вратен автентичниот изглед.
Заблагодарувајќи се за соработката со локалната самоуправа, таа најави дека в година во Гостивар ќе се работи и на обнова на фасадите на дваесет објекти во централното градско подрачје.

unnamed (2)
– Ова е добар пример и доказ дека парите вложени во културата се враќаат на вистински начин. Целиот овој ангажман и наш и на Министерството е придонес кон зачувување на богатата историја на семејството Чако, кое е значакно за овој град – рече градоначалниот Бејта.
Куќата на Ахмет Чако е типичен пример на традционална куќа со профана архитектура изградена во 18 век. Во минатото таа била пошта и болница. Старото медресе, кое е во рамки на Саат-џамијата, е изградено во 17 век и до неодамна беше седиште на гостиварското муфтиство.
За обновата на куќата на Ахмет Чако се инвестирани 1,25 милиони денари, а за старата медреса 1,3 милиони. Со проекти на Министерство за култура, во Гостивар, претходно беа завршени конзервација и реставрација на Саат-култата, симболот на градот и куќата на Даут Болетини, позната како бегова куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top