| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Придонесите за хонорарите и договорите на дело во интерес на работниците

17454mala

Владината мерка која предвидува договорите за дело и авторските договори да влезат во системот на задолжително осигурување, односно да се плаќаат придонеси и за лицата ангажирани на ваков начин, има за цел да ја зголеми социјалната сигурност на граѓаните. Нејзината примена нема да се одлучува и ќе почне како што беше предвидено на 1 јануари 2015 година, истакна денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Според него, со оваа мерка треба да се заштитат работничките права, да се создадат услови секој работник да биде платен за работата што ја работи, како што рече, вредно и макотрпно, но и да му бидат платени придонесите од задолжително социјално осигурување.

– Како Влада не смееме да дозволиме на одреден работник кој извршува одредени работни задачи да му се дава плата, а да не му се плаќаат придонеси. Не смееме да дозволиме социјална несигурност кај тие работници, какви има во Македонија. Во голем број европски држави е воведено задолжително социјално осигурување за „фриленс работниците“ и оние кои работат врз основа на различен вид договори. На ваков начин нивната социјална сигурност ќе биде поголема, ќе имаат можност во иднина да остварат старосна пензија, рече министерот Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по учеството на 8-та седница на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.

Во спротивно, додаде тој, ако на таквите работници не им се плаќаат придонесите лицата нема да може да остварат пензија, ниту пак осигурување при повреда, ниту право на здравствено осигурување, ниту кое било право што го имаат работниците кои се дел од системот на задолжително социјално осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top