| четврток, 6 декември 2018 |

Судот во САД: Порно само со кондом

syd-v-sasht-pornoto-samo-s-kondom-274151

Кондомот е задолжителен додаток во порнофилмовите, пренесе „Би-Би-Си“. Денес судот во САД се произнесе по тужбата заведена од претставници на филмската индустрија за возрасни.

Според тужителите, наредбата учесниците во жешките сцени задолжително да користат кондом е строго прекршување на првата измена на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на изразување. Обврската за употреба на кондом беше воведена во државата Калифорнија во ноември 2012 година по спроведен референдум. Во знак на протест, многу фирми го пренесоа бизнисот во други делови на светот. Критичарите на мерката посочуваат и за пад на производството.

Ако во 2012 година биле снимени 500 филма со порносодржина, тогаш една година подоцна биле снимени едвај 40 филма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top