Бред Пит заедно со синовите Медокс (13) и Пакс (11) и со ќерката Шило (8) ја менуваа Анџелина Џоли на црвениот тепих на премиерата на филмот „Непокорен“ во Лос Анџелес.

Актерката не можеше да присуствува на премиерата на нејзиниот филм поради сипаници, па како свои претставници ги испрати сопругот и три од шесте деца.

Првата биолошка ќерка на познатата актерска двојка, Шило, продолжува со својот стил на облекување и на однесување како машко. Уште во 2010 година Џоли откри дека нејзината ќерка се смета за една од браќата, таа се чувствува како машко и сака да биде машко, па косата постојано ја скратува и инсистира на машка облека.

На премиерата Шило беше облечена исто како нејзините браќа и татко ѝ, во костум и вратоврска, и чевли и кратка фризура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!


