Само 27 поени за 24 минути или за едно полувреме постигна Лос Анџелес лејкерс против Индијана, што е најлош ефект од 1960 година кога клубот се пресели од Минеаполис во ЛА. Пејсерс славеше на крајот со 110-91.
Во еден момент Лејкерс губеа со неверојатни 39 поени разлика отако Индијана поведе со 56-17. Коби Брајант не беше расположен, само еден ден откако го мина Мајкл Џордан на вечната листа со најмногу поени во историјата на НБА- лигата.
Токму примерот на Коби, односно настапите топло-ладно и непостојаноста се главниот проблем на Лејкерс сезонава. Вкуониот биланс досега им е 8-17 и е еднаков со тој на Пејсерс кој, исто така, има лош почеток на сезоната.
Резултати: Индијана – ЛА Лејкерс 110-91, Кливленд – Шарлот 97-88, Филаделфија – Бостон 87-105, Атланта – Чикаго 93-86, Торонто – Орландо 95-82, Феникс – Милвоки 94-96, Портланд – Сан Антонио 108-95, ЛА Клиперс – Детроит 113-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



