| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов ја промовираше „Облечен човек“: На младите им кажав како не треба да се живее, а сега како треба

DSC_0269

Во друштво на пријателите и на неговите обожаватели, Игор Џамбазов синоќа ја промовираше својата книга „Облечен човек“.  На негово задоволство, а и на задоволство на сите присутни, на промоцијата се појави и неговиот пријател, актерот Раде Шербеџија.

-Многу ми е мило што на мојата промоција нема само „геријатрија“, гледам многу млади луѓе, сите со мојата книга в рака. Ова е за нив, прво им кажав како не треба да се живее, а сега како треба… И покрај обврските со филмот, кој е веќе при крај, мојот долгогодишен пријател Раде дојде вечерва. Дури и ми измисли улога во филмот за да не се лутам –  на шега рече Игор.

Тој одвои време за сите свои пријатели. Три часа се фотографираше со фановите, потпишуваше книга, со секого разговараше и одговараше на сечие прашање. Обожавателите ја купуваа „Облечен човек“ која е во издание на издавачката куќа „Три“, но и неговите стари книги, како „Гол човек“ и „Приказни од Мјаукедонија“. Книгата е препознатлива за Игор, страници што се читаат во еден здив. На самиот почеток е сместен предговорот, во кој се обраќа главно на новинарите… Критика, која, сепак, е на место.

20141215_212650

По ова следува „Маестро“, приказната за неговиот татко, познатиот композитор Александар Џамбазов, кој на синоќешната промоција беше највеселиот и најсреќниот човек. Тој е најгордиот човек, херојот на Игор Џамбазов. Следуваат приказни за дедо Петре, за Анче, за девојките што биле дел од животот на Игор…

„Облечен човек“ е дело кое со сигурност ќе сакате да го прочитате. Што ќе до­би­е­те ако Игор Џам­ба­зов ре­ши да рас­ка­жу­ва за сво­јот жи­вот? 250 стра­ни­ци фан­та­стич­но, за­бав­но че­ти­во пол­но со ху­мор, куп ко­мич­ни пре­свр­ти и не­ве­ро­јат­ни си­ту­а­ции, пи­кан­те­рии, ин­три­ги, и најм­но­гу од сѐ – искре­ност. И се­то тоа за­чи­не­то со не­по­втор­ли­ви­от, за Игор тол­ку пре­поз­нат­лив, стил на рас­ка­жу­ва­ње. Де­сет рас­ка­зи, де­сет при­каз­ни на „об­ле­че­ни­от чо­век“  кои се ви­стин­ски, чо­веч­ки и воз­мож­ни, иа­ко во жи­во­тот одам­на сѐ е не­воз­мож­но. Тоа се обич­ни при­каз­ни за љу­бо­вта, ду­хов­но­ста, без­гриж­но­то дет­ство, по­ве­дра­та стра­на од жи­вотот на Џабаз. 

20141215_212633

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top