| четврток, 6 декември 2018 |

Техеран со осуда за Иранецот- киднапер во Сиднеј

390-sydney-1215Иран го осуди земањето заложници во кафуле во Сиднеј од страна на Иранец, што мигрирал во Австралија.

Во соопштение на иранското министерство за надворешни работи се наведува дека нападот е неоправдан.

Иранското министерство нападот, исто така, го оценува како нехуман акт, што предизвикува страв и паника кај луѓето со изговор дека тоа се прави во името на исламот.

Претходно денеска маж повеќе од 16 часа држеше под заложништво вработени и гости во кафуле во центарот на Сиднеј. Во заложничката драма во Сиднеј загинаа три лица, а четири се повредени. Меѓу убиените е и напаѓачот, соопшти австралиската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top