| четврток, 6 декември 2018 |

Интерпол заплени над 27,5 тони дрога

drugsНад 27,5 тони кокаин, хероин и канабис се конфискувани во периодот од први до 12 декември во Централна Америка и во Карипскиот регион во операција координирана од Интерпол. Запленетиот кокаин е со пазарна вредност од 1,3 милијарди долари.

Во операцијата биле мобилизирани 39 држави, а упасени се 442 лица, конфискувани се 2,2 милиони долари, 100 парчиња оружје и 7,6 тони хемиски супстанци.

Околу 50 илегални лаборатории за дрога се откриени, а колумбиската воена морнарица конфискувала потопено превозно средство за транспорт на дрога. Во Еквадор конфискувани се два мали авиони, а во Перу се уништени над 20 писти за слетување на авионите на наркодилерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top