Шпанското обвинителство покрена тужба пред судот во Валенсија против 42 фудбалери и тренери за наместен фудбалски натпревар во шпанската Примера.
Според шпанското обвинителство, натпреварот меѓу Сарагоса и Леванте одигран во сезоната 2001/2012 бил наместен. Имено, фудбалерите на Леванте поделиле 965 илјади евра, за да го загубат натпреварот со Сарагоса. Средбата завршила со победа на Сарагоса од 2:1, а со освоените бодови оваа екипа се спасила од испаѓање од Примера.
Меѓу обвинетите се и мексиканскиот тренер инаку актуелен селектор на Јапонија Хавиер Агире, кој во тој период ја предводеше екипата на Сарагоса. Меѓу позвучните имиња се и капитенот на актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид, Габи, како и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.
Шпанските медиуми објавуваат дека одвоено од овој случај се води уште една постапка против членови на Леванте кои се осомничени за идентична „местенка„ истата сезона, но за дуелот со Депортиво кој тимот од Ла Коруња го добил со 4:0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


