| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од премиерот Груевски за еврејскиот празник Ханука

груевски1Премиерот Никола Груевски по повод големиот еврејски празник Ханука упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо-Николиќ и до членовите и припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.

– Имам чест и задоволство, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот Еврејски празник Ханука, стои во честитката.

Во неа се додава дека еврејската заедница е почитуван сегмент од нашето општество и со нејзиното дејствување придонесува во заедничките вредности кои не сплотуваат, и се наша заедничка уникатност и предност. -Заедно, стои во честитката, почитувајќи се ние оставаме и трајна вредност на генерациите кои доаѓаат.

– Празнувањето на овој важен ден на Вашата заедница е симбол и потсетник на човековата истрајност и нескршливоста на духот на една заедница. Важноста на секој човечки живот е непроценлива, а сеќавањето на секој загубен живот е безвременско. Од тука, да се почитува човековиот живот и правото на другиот да опстојува, да живее, да твори и напредува во мир и слобода, претставува еден од најважните човекови принципи. Токму затоа, овој празник, нека бидe вечен потсетник за сите народи во светот за значењето и важноста на слободата во животот на човекот. Ви посакувам среќни празнични денови и Ве поздравувам со традиционалниот поздрав, Хануаках саемах, наведува премиерот Никола Груевски во честитката. с

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top