Како да препознаете дека љубовта се гаси и дека е последен момент да се обидете да го спасите вашиот брак. Многу работи може да го разнишаат бракот: доаѓање на дете, загуба на работа, преселба, болест, загуба на блиско лице.
Многу е важно навреме да ги препознаете знаците на кризата за да можете да реагирате и да се обидете да го спасите бракот или, во краен случај, да ја прекинете агонијата.
Девет знаци што укажуват на тоа дека вашиот партнер се оддалечил од вас се:
1. Тој бара изговор само за да избега од вас.
2. Вашиот заеднички дом го нарекува „твоја куќа“.
3. Детето ви поставува прашање: „Мамо, зошто тато никогаш не те бакнува?“
4. Одбегнува семејни собирања и останува да спие дома, место да оди со вас и со децата во кино.
5. Се однесува чудно во последно време и го крие телефон од вас.
6. Немате теми за разговор.
7. Не се радува на вашата службена работа доколку сте поуспешни од него.
8. Не можете да го поднесете чувството да спиете со него во ист кревет.
9. Директно ви соопштува дека сака развод
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.