| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишни подароци изработени во ателјето „Секирарски“ за децата од социјалнозагрозените семејства (фотогалерија)

9783_10201981995870793_5311056797615103594_n

Модното ателје „Секирарски“ во саботата попладне беше исполнето со детски насмевки и креативност. Поводот беше новогодишната креативна работилница, во организација на Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“, при што дечиња од предучилишна возраст изработуваа кукли и честитки. Рачно изработените подароци ќе бидат дел од новогодишните пакетчиња за децата од социјалнозагрозени семејства.

На 20 декември, пак, во 17 часот, во Музејот на револуционерната борба во Скопје ќе се одржи добротворен концерт „Од децата за децата со посебни потреби“. На концертот, кој е замислен како поетско-музичка манифестација, ќе настапат децата од невладината организација „Уметност на живеење“ од Скопје и од Штип, со проектот „Подари љубов“. Тие ќе пеат и ќе рецитираат песни за љубовта, а модниот креатор Ненад Секирарски ќе изработи по едно срце од платно за секое од нив, како симбол на љубовта, со кое ќе се појават на сцената. Во план е да се подарат и новогодишни пакетчиња, а средствата што ќе се соберат од концертот, ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

фото: Фејсбук страница на Ненад Секирарски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top