Премиерот Никола Груевски се сретна со престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Салман Бин Абдулазиз Ал–Сауд. Оваа е прва официјална средба на ова ниво од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете држави. На средбата соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на заедничките односи и разменија мислења и ставови за интензивирање на економската и политичка соработка во повеќе области од взаемен интерес.
Денес овде во Ријад Саудиска Арабија имав прием кај престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија со кого што разговаравме на повеќе теми, потпишавме и Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу двете држави, а инициравме и потпишување на поголем број на други договори за кои што верувам дека во иднина ќе се развие комуникација и ќе се дојде до нивно потпишување. Разговаравме и на повеќе други теми, како политички, така и економски. Разговаравме и за можностите за инвестирање од страна на компаниите од Саудиска Арабија во Република Македонија. Имено, оваа држава практикува својот капитал да го дисперзира насекаде низ светот купувајќи акции, вложувајќи во различни инвестиции и градби итн, така што од тој аспект ја претставив Република Македонија како одлично место за правење на бизнис, како одлично место за инвестиции, кажав кои се компании доаѓаат во Република Македонија, за да го привлечам вниманието и на оваа држава односно вниманието на компаниите од оваа држава дел од својот капитал во иднина да размислат и да го инвестираат во Република Македонија”, изјави премиерот Груевски.
Истовремено, премиерот Груевски на средбата упати покана до престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија и неговите соработници да ја посетат Република Македонија.
„Ваквата посета придонесува за зајакнување и интензивирање на меѓусебната доверба и соработката. Саудиска Арабија е подготвена да соработува за различни проекти од областа на земјоделието, производството на храна, инфраструктурата, енергенсите. Истовремено, Саудиска Арабија ги поддржува и иницијативите за потпишување на договори со кои ќе се олесни и поттикне економската соработка и размена меѓу двете држави. Се надевам и на успешни бизнис форуми за што целосно ја имате поддршка на државните институции, но и волјата за поттикнување на соработката со приватниот сектор”, изјави Салман Бин Абдулазиз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски






