| четврток, 6 декември 2018 |

Нема информација дали има Македонци заложници во кафулето во Сиднеј

Australia Police Operation

Неименуван вооружен маж заробил десетици лица во еден угостителски објект во Сиднеј и навел дека поставил по две бомби во кафуле и во центарот на Сиднеј. Напнатоста во еден од најголемите градови во Австралија трае веќе 10 часа, а од објектот побегнале најмалку шест лица, додека грабнувачот, помеѓу останатото, барал во локалот да му се донесе знаме на Исламската држава (ИСИС), како и директен разговор со премиерот на Австралија, Тони Абот.

Полицијата не го открива идентитетот ниту за колку луѓе станува збор, иако неофицијално станува збор за 15-20 луѓе кои биле затекнати во самиот ресторан утрото…

Составот на луѓето кои се наоѓаат во кафетеријата во Сиднеј, во која се случува заложничка драма, не го откриваат од полицијата, не откриваат ниту за колку луѓе станува збор, иако неофицијално станува збор за 15-20 луѓе кои беа затекнати во самиот ресторан бидејќи нападот се случи самото утро, за време на отворањето, изјави за МТВ амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Веле Трпевски.

– Немаме официјални информации дали има или нема Македонци, а се надеваме дека нема бидејќи се работи за централен бизнис-дистрикт на Сиднеј бидејќи тоа не е типична зона во која живеат Македонците. Но, никогаш не можеме да знаеме бидејќи огромен број Македонци живеат во Австралија. Ние како Амбасада соодветно ќе постапиме ако добиеме таква информација – изјави амбасадорот Трпевски.

Адмбасадорот додава дека граѓаните на Австралија насекаде се многу потресени бидејќи ова се случува само два месеци по најавата на Исламската држава дека ќе одговори со напади.

– Пред само еде и пол месец австралиската полиција успеа да разбие терористичка ќелија, но потоа се случува ова, во обичен ден, каде што човек влегува во кафетерија среде бел ден и прави терористички напад на австралиско тло – додава амбасадорот Трпевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top