| четврток, 6 декември 2018 |

ОН со обвинувања за украинските и за проруските сили за тортура

doneck aerodromОбединетите нации денеска објавија извештај во кој се обвинуваат украинските и проруските сили за тортура и за бомбардирање цивили за време на судирите на исток во Украина.

Според процени на ОН, во конфликтот досега загинале најмалку 4.630 луѓе, а повредени се 10.234, но во денешниот извештај се наведува дека вистинскиот број жртви веројатно е многу поголем.

ОН наведуваат дека животот на 5,2 милиони луѓе колку што живеат на подрачја зафатени од судирите, дополнително им е отежнат поради зимата и целосниот колапс на локалната инфраструктура поради што домаќинствата немаат ниту вода ниту греење.

Во извештајот за состојбата на исток во Украина, вината е внимателно распоредена меѓу завојуваните страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top