Шпанскиот претставник во Лига на Европа и актуелен освојувач на ова натпреварување, Севилја, по групната фаза одбраната на титулата ја продолжува против германскиот претставник Борусија Менхенгладбах. Ова не е нималку лесен противник за Шпанците, кои имаат изменет состав од минатата сезона.
Во останатите натпревари неколку интересни пресметки ќе го одбележат шеснаесеттинафиналето. Волфсбург против Спортинг Лисабон, Трабзон – Наполи, Рома – Феенорд, ПСВ – Зенит.
Жрепката сакаше повторно да се сретнат турски со англиски клуб како најава за нова „војна“ на теренот, но и на трибинте. Ливерпул против Бешикташ е можеби најинтерсниот дуел во оваа фаза од Лигата на Европа како Тотенхем со Фиорентина. Селтик ќе ги одмери силите со Интер.
Двојки за шеснаесеттинафинале:
Јанг Бојс – Евертон, Торино – Атлетик Билбао, Севилја – Борусија Менхенгладбах, Волфсбург – Спортинг Лисабон, Ајакс – Легија, Алборг – Бриж, Андерлехт – Динамо Москва, Днипро – Олимпијакос, Трабзон – Наполи, Генгамп – Динамо Киев, Вилјареал – Салзбург, Рома – Феенорд, ПСВ – Зенит, Ливерпул – Бешикташ, Тотенхем – Фиорентина и Селтик – Интер.
Првите натпревари се играат на 19 февруари, а реваншите се една седмица подоцна.
Финалето е закажано за 27 мај на новиот стадион во Варшава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.