Бензините од полноќ поевтинуваат во просек за 7,57 отсто, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на „еуросупер“ БС-95 и на „еуросупер“ БС-98 се намалуваат за 4,50 денари за литар, додека цената на литар дизел се намалува за четири денари во однос на цените утврдени пред две недели.
Новата малопродажна цена на „еуросуперот“ од 95 октани изнесува 65,50 денари за литар, а на „еуросуперот“ од 98 изнесува 67 денари, а на „еуродизелот“ е 56 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе чини 44,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 ден/кг, и ќе изнесува 27,512 денари за килогарам.
Ваквата одлука регулаторите ја донеле врз основа на движењето на цената на суровата нафта во период од две недели и курсто на денерот сперема доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



