Тројката меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, која периодично ги проверува финансиите на Грција во замена за спасувачките кредити, бара од Владата во Атина да формира независен орган по примерот на американските даночни служби, јавуваат грчки медиуми.
Барањето за создавање таков орган било најавено откако претставници на кредиторите констатирале големо изостанување во собирањето приходи од даноци во буџетот, што, според нив, ја загрозувало буџетската политика на кабинетот.
Приходите од даноците во Грција се пресметуваат околу 33 отсто од БДП на земјата, додека за останатите европски земји тој процент варира од 42 на 49 отсто.
Се смета дека таа разлика од девет проценти, пресметана во пари изнесува 16,5 милијарди евра од БДП и веројатно тоа е износот на неплатените даноци и на невозможноста на одредени слоеви од општеството да ги платат долговите поради високите даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


