Верижен судир на повеќе возила се случи изутрина во 8 часот кај клучката Волково на обиколницата кај Скопје, при што се повредени неколку лица, информираат од СВР Скопје.
Според полицијата, лицата што се пожалиле на повреди се пренесени на скопските клиники.
Исто така, изутринава се случи сообраќајка и на патот кај клучката Хиподром, кога автомобил излета од пат и удри во заштитна ограда. Од ударот е повреден возачот, кој е пренесен во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски.“
Според првичните информации на полицијата , возило „митцубиши колт“ со скопски регистарски ознаки од засега непознати причини излетало од патот и удрило во заштитната ограда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила


