Синоќа во НБА лигата беа одиграни седум натпревари. На пет победија гостите од кои два меча завршија по едно продолжение.
Голден Стејт Вориорс продолжуваат со одличната сезона впишувајќи ја 21 победа во досегашниот дел од сезоната и имаат само два порази. Тие ноќеска по едно продолжение ги победија Њу Орлеанс со 128-122 и ја впишаа 16 победа по ред. Стеф Кари ја предводеше својата екипа со 34 поени, седум асистенции и седум скока.
Торонто истотака победи во продолжение на гостувањето во Медисон Сквер Гарден против Њујорк со 95-90. Кармело Ентони неможеше сам да го донесе својот тим до победа постигнувајќи 34 поени. Тимската игра на Торонто од почетокот на сезоната продолжува, и заслужено се наоѓаат на врвот во источнатаконференција. Рос и Ловри беа лидери за тимот на Торонто со 22 односно 21 поен.
Оклахома полека но сигурно се враќа кон врвот на табелата во западната конференција. Повредите на нивните најдобри играчи Расел Веструб и Кевин Дурант се веќе минато и играат се подобро впишувајќи ја шестата победа по ред победувајќи го на домашен паркет тимот на Феникс со 122-88. Во моментов се наоѓаат на десетото место со негативен скор од 11 победи и 13 порази.
Токму Вестбрук и Дурант беа творци на новата победа постигнувајќи 28 и 23 коша.
Сепак сите резутати од синоќа паѓаат во сенка на Коби Брајант кој успеа да го мине Мајкл Џордан на вечната листа на најдобри стрелци. Нему во натпреварот против Минесота му беа потребни девет поени за да се искачина третото место на листата, но тој постигна дури 26 за трета победа по ред на ЛА Лејкерс од 100-94.
Резултати:
Мајами – Чикаго 75-93, Њу Орлеанс – Голден Стејт 122-128(пр), Вашингтон – Јута 93-84, Минесота – ЛА Лејкерс 94-100, Оклахома – Феникс 122-88, Њујорк – Торонто 90-95(пр), Денвер – Сан Антонио 91-99.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.