| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Сиднеј: Џихадист држи заложници во кафуле

Во центарот на Сиднеј повеќе од седум часа трае заложничка драма откако вооружен напаѓач влетал во кафуле и при тоа задржал непознат број заложници. Полицијата го блокираше целосно тој дел од градот во кој се наоѓаат државни институции и седишта на голем број компании, а евакуиран е и сиднејскиот плоштад.

sidnej islamist 2

Кафе-продавницата за чоколади „Линт“ е опколена од неколку стотини полицајци.

4

Преку прозорците од кафулето се гледаат лица на престрашени луѓе и поставено црно знаме со арапски букви. Очевидци тврдат дека на знамето пишувало „Нема Бог до Алах, Мухамед е божји гласник“.

islamist sidnej zname

Според тамошните медиуми кои известуваат од самото место, досега пет луѓе истрчале од кафулето.

3

Прво излегле тројца мажи, по шест часа од почетокот на драмата, а час подоцна со трчање излегле и две жени. Не е познато дали избегале или биле ослободени од напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top