Доколку САД навистина испратат оружје во Украина, Русија ќе мора да распореди свои трупи таму пред опасноста да стане преголема, порачале руски пратеници.
Ова предупредување следува по вчерашната одлука на американскиот Сенат со која се одобрува испраќање вооружување во Украина, но неа треба да ја потврди претседателот Обама, кој, засега, тоа го нема направено.
Пораката ја испратиле левичарските пратеници, по одлуката на американскиот Сенат да одобри испраќање вооружување на украинската војска.
– Тоа е многу опасна одлука, а ако ја потпише американскиот претседател Барак Обама, Русија ќе мора да одговори со соодветни мерки. Можно е да го направиме истото, да му овозможиме на претседателот Владимир Путин да нареди испраќање војска на украинска територија. Не можеме да чекаме Украина да биде целосно вооружена и многу опасна – рекол пратеникот на Праведна Русија, Михаил Јемељанов.
Тој посочил дека акцијата на САД ја гледа како обид за воен напад на Русија.
– За неколку години Украина ќе биде уште посиромашна и гладна држава со антируска влада која ќе го учи народот да ја мрази Русија. Тие ќе бидат вооружени до заби и секогаш ќе има причина за конфликти – истакнал Јемељанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


