Глобалната побарувачка по нафта во 2015 година ќе порасне со побавно темпо од очекуваното и покрај падот на цената на нафтата, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.
– Очекуваме побарувачката по нафта во 2015 година да порасне за 0,9 милиони барели дневно на 93,3 милиони барели, што е за околу 230.000 барели помалку од првичните прогнози – се наведува во најновиот извештај на ИЕА, а пренесува агенцијата Франс прес.
Цените на нафтата од јуни паднаа за околу 40% и во овој момент се на најниско ниво за последните 5 години.
Односно за околу 60 долари за барел, бидејќи зголеменото производство на нафта од шкрилци во САД доведува до пораст на и онака прекумерните глобални резерви.
– Можеби ќе мора да помине некое време за да залихите и побарувачката реагираат на падот на цената на нафтата.
Во богатите земји-членки на ОЕЦД, скромниот економски раст, забавениот раст на платите и дефлаторниот притисок дополнително ќе ги загуши влијанието на ниските цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



