| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини и Хан: Апсењата на новинари во Турција спротивно со слободата на медиумите

­ Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, предмалку ги осудија полициските акции и апсењето на новинари во Турција.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заедничкото соопштение до медиумите, Могерини и Хан посочуваат дека полициските рации и апсења на голем број новинари и претставници на медиумите во Турција се во спротивност со слободата на медиумите, што велат дека е основен принцип на демократијата.

­ Очекуваме дека принципот на презумпција на невиност ќе надвладее и се повикуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага во случај со било­какво наводно погрешно работење, со целосно почитување на правата на обвинетите ­ наведува европскиот двоец за случувањата ан Босфорот.

Могерини и Хан потсетуваат дека немирите во Турција доаѓаат само неколку дена по посетата нивната посета на земјата, заедно со комесарот за Стилијанидис, каде беше нагласена важноста на односите ЕУ­Турција, па посочуваат дека оваа операција е спротивна на европските вредности и стандарди од кои Турција сака да биде дел.
­

Секој понатамошен чекор кон пристапување со секоја земј­ кандидат зависи од целосното почитување на владеењето на правото и основните права. Ние ќе ја пренесеме нашата загриженост за ова пред Советот за општи работи, кој ќе разговара во вторник за политиката на проширување, вклучувајќи ја и Турција. Очекуваме дека силната посветеност на ЕУ, ветена од нашите турски колеги за време на нашата посета, дека ќе биде преведена на дела ­децидни се во пораката Високата претставничка и комесарот за соседство на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top