
Филмот „Ида“ на полскиот режисер Павел Павликовски е победник на годинешната доделба на европските филмски нагарди (ЕФА).
Овој филм македонската публика имаше можност да го гледа на годинешниот „Синедејс“ во скопското кино „Милениум“.
Филмот „Ида“ освои пет признанија: за најдбар европски филм, за најдобар режисер, сценарио, камера и награда од публиката.
Приказната во филмот е сместена во почетокот на 60-те години на минатиот век. Станува збор за 18-годишната Ана која расте без родители. Пред да стане калуѓерка, дознава дека има тетка по мајка, Еврејка.
Познатата француска режисерка Ањес Варда доби награда за животно дело, а британскиот режисер Стив Меквин доби награда за европски придонес во светската кинематографија.
– Филмот може да го промени животот и сигурно го смени и мојот – изјави Меквин, кој наградата ја доби од Вим Вендерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


