Фатмир Дехари, кандидат за градоначалничката функција во Кичево од ДУИ, може да се види на слики на социјалните мрежи во кои е во униформа на УЧК со „калашњиков“ во рака, а под тоа пишува дека работи на Државниот универзитет во Тетово. Дехари на 17 февруари во Чикаго пред албанската дијаспора ја открил идејата зашто сака да го освои Кичево.
На видеоснимката зборува за „споено Кичево кое е сон на сите Албанци“ и како „дел од една Албанија која сите Албанци ја сонуваат“. Набројувајќи ги Струга, Гостивар, Тетово, Чаир и Куманово, Дехари рече дека сето тоа е албанска администрација и она што сите тие го посакувале.
– Тоа е една Албанија која ја сонувавме – рече Фатмир Дехари од ДУИ во Чикаго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.