Австралиската канцеларија за безбедност во сообраќајот вчера ги објави резултатите од истрагата на јужниот дел на Индискиот океан. Објавени се снимки од камерите поставени на бродовите кои го пребаруваа морското дно на длабочина од 6 километри.

– Станува збор за снимки од подморјето направени со специјални камери на бродот GO Phoneix. Снимките откриваат важни детали на дното на океанот. Камерите открија инзводредни податоци, наведува австралискатата канцеларија.

Бродовите GO Phoneix и Fugro Discovery продолжуваат со интензвна потрага на дното на океанот. Досега се пребарани 9.000 квадратни километри, што е 16 отсто од 55.000 квадратни метри површина која се пребарува.
Иако водечките луѓе на истражувачкиот тим во Австралија веруваат дека се на вистински пат да го пронајдат исчезнатиот авион, се` поголем е сомнежот дека малезиското летало никогаш нема да биде пронајдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исчезнат е Пертеф (Пепи) во околината на Тафталиџе, боледува од алцхајмер
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
Семејство од Скопје трага по својот 15-годишен син


