| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден: Безбедноста на лицата кои обелоденуваат важни информации треба да биде загарантирана

Безбедноста на луѓето кои обелоденуваат важни информации, мора да биде загарантирана, повика поранешниот агент на ЦИА и АНС, Едвард Сноуден.

– Неопходно е луѓето кои поднесуваат сигнали на тревога за општеството, соопштувајќи за недозволени дејствија за кривични дела, да добиваат соодветната заштита. Како во САД и Франција, така и низ целиот свет. Тие треба да бидат заштитени од можна одмазда, рече тој во видео врска, организирана од правобранителски организации меѓу Париз и Москва по повод Меѓународниот ден за човекови права.

Тој увери дека неговата безбедност во Русија е загарантирана, но се пожали дека не може да комуницира со своето семејство. Сноуден изјави дека сега посветува голем дел од неговото време на истражување.

Пред сè, сепак тој би сакал да се врати во својата татковина и да живее во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top