Сампдорија одигра нерешено, 1-1, на гостувањето во Торино против Јувентус во меч од 15, коло во Серија А, со што ја сопре победничката низа од 6 натпревари на домашен терен на „старата дама“.
Јувентус поведе со голот на Патрис Евра во 12. минута, а израмни Габадини во 51. минута. Јувентус го задржа првото место со 36 бода, но сега Рома има шанса со победа да се приближи на само еден бод до актуелниот шампион на Италија.
Сампдорија со 26 бода е на петтата позиција и има ист учинок како третопласираната Џенова и четвртиот Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



