Рамстор Македонија испрати демант до медиумите кои објавија вест за наводно киднапирање на дете во супермаркетот.
-Преку ова соопштение официјално ја информираме јавноста дека содржина на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност. Истовремено, упатуваме апел до медиумите за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи. Преку објавата на овој демант, бараме од медиумите кои ја објавија лажната вест, да упатат јавно извинување до Рамстор Македонија, до потрошувачите и до читателите за пренесување на лажни и непроверени вести, велат од „Рамстор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование
-
Хаџи-Лега бара јавно извинување од Викторија Јовановска: Мојата квалификација како плагијатор е измислена и доаѓа од некомпетентна личност


