| четврток, 6 декември 2018 |

Четиригодишно дете добило мозочен удар по возење на тобоган

Возењето на ткн тобоган на смртта е најверојатно причината за мозочниот удар кај четиригодишни, се наведува во тестот на невролозите од американскиот универзитет Лојола објавен во специјализираниот медицински магазин Pediatric Neurology.

Ненадејното забрзување, забавување и силите на ротацијата на коишто биле изложена главата и вратот на детенцето најверојатно предизвикале пукнување на каротидната артерија кај моменцето. Тоа пукнување, односно дисекција на каротидата, водело до формирање згрутчување кое го предизвикало мозочниот удар, сметаат лекарите.

Досега мозочните удари по возење на тобоган на смртта беа регистрирани кај возрасни лица, а само неколкупати досега беше известено за мозочни удари кај млади лица, вклучително и 13-годишно девојче и 11-годишно момченце. Четиригодишникот е најмладото дете со таков удар забележан во медицинската литература.

Пред мозочниот удар детето било здраво. Во текот на годишниот одмор со родителите двапати било на возење со тобоган на смртта, првото возење било долга 200 метри на височина од двете метри со најголема брзина од 40 километри на час, а второто возење имало 16-метарски пад со брзина од 64 километри на час. Ден по возењето детето почнало да повраќа и дошло до олабавување на левата страна на лицето во текот на летот дома. До доаѓањето дома веќе не можело да оди и ослабела целата лева страна на телото.

Болничкото обработување покажало дисекција на каротидата и мозочен удар. По шест месеци ситуацијата на момченцето се подобрило и е забележана сам мала мускулна слабост и вкочанетост на левата страна.

Децата на возраст до 10 години особено се ранливи на ненадејни движење на вратот поради слабоста на вратната мускулатура и релативно големите глави. „Таа хипермобилност во комбинација со други кинетички и линеарна сили можат теоретски да објаснат зошто некои деца, иако ретко, претрпуваат дисекција на каротидата“, вели авторот на студијата неврологот Хозе Билер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top