| четврток, 6 декември 2018 |

Белград: Уште еден автомобил излета на местото каде се удавија тројца млади

Еден автомобил утринава слетал од патот кај белградската Ада Хуја и паднал покрај брегот на Дунав, јавија српските медиуми. Несреќата се случила на истото место каде на крајот на ноември се удавија тројца млади во БМВ-то кое падна во Дунав.

Ноќеска околу 1.50 часот, Матеја Крџиќ (19), кој не бил под дејство на алкохол, прво удрил во паркирано возило, а потоа слетал низ насипот до самото ниво на водата.

За среќа избегната е поголема трагедија, а патниците и возачот  биле само нагмечени од ударот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top