| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна маж од Тафталиџе, семејството моли за помош

Од рано утрово, 72-годишниот Трајко Арсовски од населбата Тафталиџе, е исчезнат.

dedo

Неговото семејство моли за помош. Последен пат е виден во близина на последната автобуска станица на 24-ка, но можно е и да се упатил накај Карпош 1.

Кога излегол од својот дом, дедо Трајко бил облечен во тегет тренерки и маслинесто зелена јакна. На главата носи плетена црвено-бела капа.

Ве молиме, ако некој има било какви информации и го видел овој човек денес, да пријави на телефонскиот број 078-596-404.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top