| четврток, 6 декември 2018 |

Од необична понуда за брак до евакуација на зграда

Холанѓанец, чие име не е соопштено, сакал пријатно да ја изненади својата девојка, така што со дигалка ќе се качи до нејзиниот прозор да и отпее песна и да и понуди брак.

Но, работите не се одвиваат секогаш како што посакуваме… Дигалката се превртела, направила дупка на кровот од соседната зграда која набрзо морала да биде евакуирана.

Холандскиот заодник не е повреден, а девојката се согласила да се омажи за него. После разговор со полицијата, среќниот пар отпатувал за Париз.

Дигалката во обид да се исправи повторно паднала такашто градоначалникот на местото Ајсештајн наложил евакуација на луѓето од соседните станови поради безбедносни причини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top