Извештајот на сенатската комисија на САД за работата на разузнавачките служби во кој се содржани описите на т.н засилени техники на испрашување од страна на ЦИА на осомничените за тероризам, се уште една причина Франција да излезе од НАТО, изјави во саботата Марин ле Пен челничката на крајно десната партија Народен фронт (FN) за радиото Европа 1.
– Доколку навистина сите се вознемирени од измачувањата коишто ги користеле САД, тогаш да истапиме од составот на НАТО, изјави ле Пен.
Претходно седмицава комисијата на Сенатот на САД го објави извештајот на повеќе од 500 страници од вкупно 6.000 страници материјали во кои се наведени техниките коишто во времето на поранешниот претседател Џорџ В. Буш по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година ги применувале агентите на Централната разузнавачка служба ЦИА. Притоа се наведуваат и примери на дезинформација и мамење на властите и на јавноста.
Извештајот предизвика згрозување кај американската и светската јавност поради описите на суровите методи коишто биле применувани, како симулирање на давање на осомничениот, долготрајно лишување од сон, принудни ректални хранења и други видови сурово сослушување.
Франција, инаку не е на листата што ја направи фондацијата Отворено општество, според којашто најмалку 54 светски влади давале помош на ЦИА, од нив 21 е европска, а меѓу нив се 17 земји тогаш членки или на прагот на членство во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА


