СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.З.(25), В.Ј.(34) и Г.Г.(33) сите од Струмица за сторени две кривични дела „насилство“.
Како што е наведено во полицискиот билтен, на 30.11.2014 година, околу полноќ, во с.Ново Село пред пицеријата Ана Марија, пријавените без повод и причина физички нападнале лице од с.Ново Село, во тој момент дошле уште две лица кои од страна на пријавените без повод и причина биле физички нападнати.
Нападнатите лица биле пренесени во Општа болница во Струмица каде им биле констатирани видливи повреди на телото, а едно од лицата бил задржан за понатамошно лекување.
Истата вечер околу 02.00 часот пријавените се упатиле кон бензинската пумпа во с.Колешино, каде без повод и причина физички нападнале уште едно лице, нанесувајќи му видливи повреди на лицето и телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


