| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Тест за дрога на политичари и новинари

­ Унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи задолжително тестирање на наркотици за сите политичари и новинари, што беше повод
критичарите да го обвинат за загрозување на граѓанските слободи.

Владата одлучи да се избори со нарко мафијата во својот мандат до 2018 година. Политичарите, новинарите и сите кои извршуваат јавни функции мора да бидат вклучени во тестирање на наркотици, бидејќи е јасно дека оние кои користат наркотици не можат да бидат потпора за борба против дрогата.

Независното здружение соопшти дека предлогот на Орбан е „правно и морално нечуен“, додека еден од опозициските лидери Балаж Гулаш оцени оти станува збор за застрашувачки обид да се стигматизираат новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top