| четврток, 6 декември 2018 |

Стенд-ап комичарот Марјан Ѓоргиевски ќе ја режира „Кокошка“ во Битолскиот театар

bitolski teatar

Народен театар-Битола соопшти дека денеска почнува со подготовките на две премиерни театарски претстави, два камерни проекта кои ги режираат Марјан Ѓоргиевски и Андреј Цветановски, со пари обезбедени од театарот.

На прес-конференцијата во Битола, актерот Марјан Ѓоргиевски кој прв пат се јавува како режисер истакна дека претставата „Кокошка“ ја работи според текстот на Николај Кољада од 1989 година, еден од најпоставуваните текстови на современиот руски автор.

– Текстот жанровски е комедија посветена на една група актери во провинциски театар на кои не им се случуваат интересни работи, но во самата претстава им се случува радикален пресврт во животот и драма. Пробите се во тек, а премиерата ќе биде на почетокот од новата година – посочи Ѓоргиевски.

Претставата „Хелверова ноќ“ на Ингмар Вилквист ја промовираше режисерот Андреј Цветановски, кој истакна дека е посветена на семејството како единка и влијанието од надвор, текст игран на многу сцени во светот.

– Во креативниот тим на овој проект се сценографот Сергеј Светозарев, музиката е на Димитар Андоновски, но и друга млада уметничка поддршка затоа што мислам дека младите уметници треба да добиваат шанса и да ги развиваат своите креативни умови во еден битен театар, каков што е театарот во Битола – нагласи Цветановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top