| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден машки труп во бездна кај браната Калиманци

Kalimanci_lake

Во близина на браната Калиманци во бездна длабока над 150 метри кај место Газјански мостови во Македонска Каменица утринава пронајден е машки труп.

Според првичните информации, станува збор за маж на возраст од 35 до 40 години, идентитетот не му е утврден бидејќи кај него не се пронајдени никакви документи за идентификација. Ниту месното население не го препознава човекот кој е пронајден мртов. Телото случајно го пронашол овчар кој пасел стадо овци.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека причините за смртта, односно дали станува збор за убиство или самоубиство ќе се утврдат по обдукцијата.

Истражните органи направија увид на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top