| четврток, 6 декември 2018 |

Раст на БДП за 4,1 проценти

bdp(2)(1)Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува 4,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од  годинава, најголем пораст е забележан во секторите „преработувачка индустрија“ од 16,6 проценти, „уметност, забава и рекреација“, „други услужни дејности“, „дејности на домаќинствата како работодавачи“, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби“ од 11,6 проценти, „стручни, научни и технички дејности“, „административни и помошни услужни дејности“ од 8,2 проценти и  „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 7,5 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во третото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 1,7 проценти, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 67,9 проценти. Во истиот период,според статистика, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 13,6 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 10,8 проценти.

Стапката на БПД во првиот и  во вториот квартал годинава забалежа раст од 3,2 односно 4,4 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top