Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 958.393 лица од кои вработени се 690.965, а 267.428 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57,3, стапката на вработеност е 41,3, додека стапката на невработеност е 27,9%.
Невработеноста во Македонија почна да се намалува лани. Првпат во првиот квартал лани падна под психолошката граница од 30%. Највисока невработеност во Македоднија имаше во 2005 година кога изнесуваше 38%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



