| четврток, 6 декември 2018 |

Белград: Елитна проститутка пронајдена мртва во хотелот „Хајат“

Елитната проститутка Ивана. Б.Б е пронајдена мртва вчера наутро во една соба во елитниот хотел „Хајат“ во населбата Нов Белград, дознава српски „Ало“.

Нејзиното тело го пронашол еден вработен во хотелот кој веднаш повикал полиција и Брза помош. Кога лекарите пристигнале во собата, констатирале само смрт.

– Се претпоставува дека починала од предозирање со дрога. Сѐ уште не знаеме што сѐ имала земено. Телото е предадено на обдукција. По анализата ќе се дознае како настанала нејзината смрт – вели добро известен извор за српски „Ало“.

Според зборовите на вработените, Ивана во хотелот дошла еден ден пред да ја пронајдат мртва. За кратко време почнувала прославата на 18. роденден на Вељко, синот на Цеца. Меѓутоа, не се знае дали била со еден од гостите.

Инаку Ивана важела за популарна и скапа проститутка која работела само со „одредени клиенти“, па дури и наплатувала по 10.000 евра од ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top