Освен што е извор на среќа на многумина мажи, вагината е, исто така, извор на многу непријатности и конфузии. Но, не е само културата крива за погрешната слика за вагината, дури и во научните и медицинските кругови, овој дел од женската анатамоија долго време не бил сфатен како треба.
Секако, денес разбирањето на женската анатомија е далеку од неверојатните сфаќања од пред неколку векови, кога отворените шовинистички идеи ја обликувале сликата за женското тело, како културна, така и научна и медицинска.
Таквите заблуди за женското тело се користеле за да се оправда сексистичката политика, која е водена во минатото, како на пример, дека жените не требало да се школуваат. Следуваат најбизарните заблуди за вагината:
Некои вагини имаат заби
Митот за забестата вагина, бил дел од народни верувања и ширел страв во поголемиот дел од светот, од Русија до Индија и Јапан. Во многу од овие приказни, машкиот херој прво морал да ги скрши или да ги извади забите, за да може безбедно да има секс со некоја жена.
Вагината е само „настинат“ пенис
Грчиот филозоф и лекар, Калудијо Гален, од вториот век, имал теорија дека со телото управуваат телесни течности. Така машките тела, според неговата тероија се топли и суви, а женските ладни и влажни. Вагината всушност е исто што и пенис, но поради тоа што женското тело е ладно, половните органи и се одвнатре.
Вагината се распаѓа доколку жената се школува
Оваа теорија ја смислил Хенри Кларк, професор од Харвард, во 19 век, кој се борел за тоа дека жените не треба да се образуваат. Според неговата теорија, женскиот мозок не можел да издржи ист напор како и машкиот, а доколку жените се обидувале да се образуваат, таа пренапрегнатост би им ја уништила матката. Уште неколку научници од тоа време ги подржувале сличниве теории и тврделе дека претераната мозочна активност кај жената, може да резултира со сушење на матката. Во овој свет на сексистички фантазии се верувало дека жените за време на месечнината мора да избегнуваат воопшто да размислуваат.
Жените не може да забременат доколку се силувани
Овој ужасен мит бил дел од еден британски законски акт од 13 век. Во него пишувало дека „жената која што не се согласила на секс не може да зачне“. Тоа што жената останала бремена, било тогаш валиден доказ дека не е силувана.
Вагина „странична“
Овие гласини се ширеле по калифорниските бордели во 19 век, а важеле за Азијатките. Тоа било дел од расистички фетишизам од тоа време.
Менструалната крв може да убие маж
Ова верување било присутно во бројни култури низ историјата. Во римската енциклопедија од првиот век, запишано е дека жена која има месечнина „може да ги уплаши грмотевиците и громовите и да предизвика овошјето да падне од дрвјата“.
Во 19 век владеело мислење, доколку маж има секс со жена која има месечнина, може да добие гонореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.