| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничен во „Чекан“: Парите ми се од швајцарската пензија

Првоосомничениот во акцијата „Чекан“, Фадил Арслани, по кој полицијата сѐ уште трага, преку „Шкипмедиа“ вели дека е чесен човек и дека парите не ги заработил со криминал, туку со чесна работа во странство.

– Не се занимавам со нелегални работи. Работам во Швајцарија и имам месечна пензија од 5.000 швајцарски франци. Добив надомест од 300.000 франци од Швајцарија и со нив можам да градам куќи и да купувам автомобили секоја година – вели тој.

Полицијата завчера во акцијата „Чекан“ приведе 15 лица ,а по четворица меѓу кои и Арслани сѐ уште трага. Меѓу осомничените има и адвокати и извршител од Скопје. Сите се сомничат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top