| четврток, 6 декември 2018 |

Пенезиќ се прости од настапи во репрезентацијата на Хрватска и ќе му се посвети само на Вардар

Бекот на Вардар, Андреа Пенезиќ, објави дека нема веќе да игра за хрватската ракометна репрезентација по дебаклот на Европското првенство што е во тек.

Хрватска, иако е домаќин, испадна од шампионатот само по две одиграни рунди и поразите од Шведска и од Германија. Пенезиќ веднаш по неуспехот со Германките најави дека се повлекува од репрезентацијата.

pene

– Требаше да го сторам тоа и порано, но некако срцето не ми даваше. Секогаш си велев Хрватска е, повикот за настап во репрезентацијата не се одбива и секако сакав да помогнам, но сега е доста. Време е за помладите – изјави Пенезиќ. Таа ја игра првата сезона во ЖРК Вардар и сега ќе има обрски само на клупски план, во обидот повторно да се стигне до завршниот турнир во Лигата на шампионите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top